МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Претпладнево градоначалнјкот Митко Јанчев го посети СОЗУЦ„Ѓорче Петров„ каде се сретна со директорот Горан Велковски, а имаше средба и со наставничкиот колегиум на училиштето.

Притоа Јанчев беше запознаен со преземените и извршените градежни работи и дејности поврзани со реновирање на училиштето во изминатиот период, со цел учебната година да започне поподготвено. Треба да се има во обзир фактот дека бројот на новозапишаните ученици е зголемен речиси двојно од лани, мотивацијата и потребата од кадри од шумарствтвото и винарството е добро изменаџирана а влијание за тоа имаат и потпишаните договори за стипендирање и вработување на завршени ученици во Македонски шуми и АД Гоце Делчев-Тиквеш.

Јанчев се инетересираше за низа други планирања на ова училиште и најави решавање на низа прашања кои досега не биле опфатени.