МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Општина Кавадарци ги информира граѓаните и возачите дека на 4 и 5 Октомври ќе работи на обележување на паркинг места на дел од градските улици.

Утре на ден 04. 10. 2018 година (четврток), општината има планирано активност обележување на паркинг местата за зонско паркирање на бул. „Моша Пијадe“ на делот од спојот со кружниот тек до спојот со булевар „Цветан Димов“ од двете страни.

Исто така на ден 05. 10. 2018 година (петок), ќе се врши обележување на паркинг местата на бул. „Никола Минчев“ од спојот со бул. „Вељко Влаховиќ“ до спојот со кружниот тек од двете страни.

Затоа Општината апелира до сопствениците на моторните возила во наведените денови истите да ги отстранат од коловозните ленти каде ќе се врши обележувањето.

Општината оваа кација ќе ја спроведе и со сообраќајната полиција која ќе изврши отстранување на паркираните возила од овие улици во наведените термини за навремено и ефикасно завршување на работите.

Обележувањето ќе се врши со почеток од 08. 30 часот.