Ресторанот „Бриони„ е култно место на Кавадарци, на многу генерации, кои се сеќаваат на него, или се дел од некои убави моменти.Овој дел на Градскиот парт„Љупчо Шкартов„ сега е унакажан.Ке ја врати ли старата убавина ?-Не веруваме.Но барем да го задржи духот кој беше „храна“ на многу младости ?
Ова фотографија која ја позајмивме од Архивата на Музеј галеријата-а чиј избор го направи поранешниот директор Петре Камчевски го прикажува Ресторанот “Бриони“ во фаза на изградба. Лоциран во срцето на Градскиот парк беше еден од најубавите и најомилените места за одмор и рекреација на кавадарчани. Со неговата приватизација се нагрди неговата надворешна архитектура и она што беше бездруго најубаво во него, летната бавча.