МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ПС-ОН Кавадарци со укажување за сите возачи и превозници со товарни моторни возила за ограничено движење по Северен Булевар

Поради реконструкција на асфалтната подлога на Северен Булевар во близина на хотел Фени во Кавадарци, ПС-ОН Кавадарци им укажува на сите возачи и превозници со товарни моторни возила, посебно за кипери кои вршат дотур на материјали до индустриската зона за компаниите ИГМ, Фени индустри и др, при влез во Кавадарци, да го избегнуваат патниот правец Неготино-Кавадарци, а да го користат заобиколниот патен правец Росоман-Кавадарци и Росман - м.Дреново - топилница Фени-Кавадарци.

Ова е од причина што овие товарни моторни возила да ја избегнат реконструкцијата на северен булевар, се движат по булеварот Цветан Димов и булеварот Моша Пијаде во Кавадарци и минуваат пред општинското основно училиште Гоце Делчев и детската градинга каде има голема фрекфенција на ученици, родители и голем број на патнички возила.

Укажувањето е во насока на зголемување на безбедноста на децата како учесници во сообраќајот и спречување на несакани последици од зголемената фрекфенција на овие товарни возила и пред училиштето и детската градинка.

со почит

ПС-ОН Кавадарци