МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Делегации од Сојузот на борци Кавадарци, општина Кавадарци, градоначалникот на Градско, членови од семејството на Марко Димов, здруженијата на борци и на пензионери од Градско денеска положија свежо цвеќе на споменикот на загинатите борци во борбите кај Смеса, во близина на Стоби.

На овој начин се одбележаа 74 години од овој настан кој е дел и од Програмата за одбележување на празници и значајни датуми од историјата на општина Кавадарци.

Пред 74 години на месноста Смеса кај Стоби се воделе жестоки борби помеѓу партизаните и фашистичкиот окупатор кој се обидуваше да се пробие повлекувајќи се на север.

Во овие борби загинаа 12 партизани и многу повеќе Германци. Илија Браов од сојузот на борци Кавадарци потсети на настанот кој одигра решавачка улога во спречувањето на фашистите при ` повлекувањето да направат голем терор во Тиквешијата.

45571224_315588649169181_3126867011896868864_n.jpg45663981_285085735446543_8179356205496401920_n.jpg45822218_256569025029509_1007721184453722112_n.jpg45619520_941536059371149_7939849261200441344_n.jpg45627126_756774557992197_4206303700538359808_n.jpg