17- годишна сопатничка од Кавадарци се здобила со тешки телесни повреди

„На 28.09.2020 во 02.15 часот било пријавено дека на регионалниот пат Мушов гроб- Кавадарци. патничко моторно возило „голф“ со неготински регистарски ознаки, управувано од А.Р.(20) од Неготино излетало од коловоз. Во незгодата, 17- годишна сопатничка од Кавадарци се здобила со тешки телесни повреди, а возачот се здобил со телесни повреди констатирани во Општата болница Кавадарци. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кавадарци.“се наведува во најновиот извештај од Билтенот н МВР.