фото ФБ профил Село Горна Бошава
Во Македонија и во Тиквешијата денеска попладне темепературите значително се спуштија во просек до 2-от степен Целзиусов.Студениот и влажен бран донесе дожд на пониските и снег на повисоките места,особено планинските.Засега неофијално , имаме информации за врнежи од снег во селата Горна Бошава,Бохула,Чемерско и други села а неколку сантиметри висок снег има и на 1.100 метри високото летувалиште Михалово .Висината според раководителот Љупче Глигоров е 3-4 сантиметри.Патот до ова убаво летувалиште прооден.
Снег има на Витачево и во другите поткожувски села .
По 16.30 снег врне и во Кавадарци.
Зимската служба на, Локалната самоуправа, Комуналец и Оперативата на Градба Промет, која во надлежност го има одржувањето на патиштата и улиците ова зима , ја следи состојбата со врнежите и ке интервемнира веднаш штом за тоа има потреба за тоа.
Ваквото време ке трае до утре кога ке настане разведрување и веќе во вторник и среда ке настапи значително затоплување особено во текот на денот.