МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

22 издание на Меѓународниот детски фестивал „Гроздоберче 2018„ годинa донесе нови 22 песнички , со нова изведби и аранжмани.

Сите песнички ке следеше хор на ОУ„Тоде Хаџи Тефов„ под раководство на кореографија на наставничката Розалија Ристова –Бирлис,,балетските изведувачи на Балетското студио „Венус„, придружен вокал е Радица Станоева а електрична гитара на Васко Ангелов.Аудио материјалот е снимен во студиото на „ COMPACT PRODUCTION“ под раковоство на продуцентот и аранжер Пепи Ангелов.

Генералната проба и двете вечери на кој беа преставени сите учесници се одржаа на 16 и 17 ноември во салата а Домот на Културата Кавадарци.Присуствуваа голем број гледачи, што беше и целта на организаторот Уметничкиот директор Зоран Станоев -Дејзи.

Порталот„Идивиди„-на Телеком само на детските фестивали„Гроздоберче„ и Златно славејче“им прави вистинска медиумска промоција ширум светот.Така ке биде и годинава.Телеком и годинава заедно со останатите пријатели е спонзор на фестивалот. Се разбира овде се постојаните покровители; Кожувчанка,градоначалникот и Советот на Општина Кавадарци, Канал 77 и другите пријатели на овој веќе етаблиран и многу популарен фестивал на детски песнички.Подржувач на фестивалот е Центарот за странски јазици “Максима еду„

Годинава покрај домашните изведувачи настапија и неколку од други земји.Две композиции од Србија од фестивалот„Деца певају хитове„, една песничка е од Рожаје-Црна Гора од фестивалот„ Златна пахуља„ и две песнички се од НР Бугарија, од кои една песничка децата од ова земја ја пеат на македонски јазик а една на бугарски јазик.

-„Инаку идејата годинава да се направи Европски детски фестивал не беше остварена , но в година истата ке ја реализираме вели Дејзи.Планот е да се направи фестивал со учество на веќе постојните четири земји и претставници од Франција, Литванија ,Унгарија,Романија,Косово,Албанија и други земји.23 издание на Гроздоберче„ ке настојуваме да биде во вистинска смисла интернационално-Европско.„- вели Станоев

Од фестивалот деновиве ке биде издадено и ДВД издание.