На состанокот во Кавадарци покажан голем интерес кај спорските колективи и бизнис секторот
Денеска во Кавадарци се одржа работилница во организција на Управата за јавни приходи на Македонија на која се разговараше за вклучувањето на стопанството за потпомагањето и унапредување на спортот во Македонија ,преку исполнување на законските одредби при плаќањето данок на субјектите кои учествуваат во финасирање на спoртот кај нас.Истовремено се изврши презентација и објаснување во делот на регистрацијата на Е-Данок кај физичките лица.
На средбата во Кавадарци говореа Мухерин Авдиќ-Раководител на Секторот за услуги на даночни обврзници и даноци при УЈП и Ивана Дончевска-раководител на Секторот за регистрација и утвредување на даноци.Презентациите ги следеа голем број преставници на спортски клубови, претставници на бизнис секторот, сметководители и други граѓани.
А во изјавата за медиумите директорката на УЈП- Сaња Лукаревска рече дека вакви презентации се одржале и ке следуваат во неколку градови со цел доближување на актуелната проблематика до граѓаните.