МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Се известуваат имателите на времени лимени гаражи од Општина Кавадарци, дека Советот на Општина Кавадарци на ден 31.10.2018 година донесе Годишна Програма за поставување на времени објекти на подрачјето на Општина Кавадарци за 2018 година. Со Програмата се утврдува локација во непосредна близина на Северен Булевар со намена за времен јавен паркинг за поставување на времените монтажни гаражи и паркирање на земјоделска механизација. Заинтересираните граѓани кои сакаат да користат простор на Јавниот паркинг потребно е да склучат Договор со Јавното претпријатие ПАРКИНГ КАВАДАРЦИ - Кавадарци, за истиот е потребно да се обратат во седиштето на претпријатието во просториите на Општина Кавадарци како и во канцеларијата на Мој општинар, Советничката канцеларија или на телефонскиот број : 075 575 755.