МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Интервју со Тони Коцев:фотограф,снимател;ентузијаст кој има желба културата да стане достапна за сите.

Од 1994 година е професионален фотограф,зад него се многу културни настани,преферира уметничка фотографија,ја реафирмира фотографската уметност преку „Црно и бело“,зад него се неколку изложби на пејсажна фотографија од Тиквешијата .

Учествувал на многу фото-колонии,добитник е на награди на елкспериментална фотографија во Луксембург,победник на конкурсот на Кодак, освојува втора награда на Државна изложба.Тони Коцев како снимател работи на Македонските стари приказни од 2009 до 2015 (70 приказни), снимил, и монирал - 9 Кавадаречки народни приказни со „Кавадион“ и снимил и монтирал околу 60 филмувани вицови од „Лакардиите на Паја“ на РТК.МК.Тој е автор на ЦД-то за Кавадарци „Од срцето на Македонија“.На културните случувања гледа од свој агол.Тоа е повод да поразговараме со него: