Во Домот на Културата - Кавадарци беше организирана изложба на Гоце Наневски, Игор Сековски и Борис Шемов поднаслов ПРОТРУЗИЈА (Обиди за избивање)

„Денес е сè поизвесно дека развојот на општествената сфера и динамиката на релациите речиси и да не зависи од елитните форми на уметност, академската сфера и научните сознанија, ниту од традиционалните чувари на знаењето. Таа неспоредливо многу повеќе зависи од динамиката на популарната култура, од индустриите за забава, од политичката и корпоративната пропаганда. Затоа, неизбежно е да го поставиме прашањето: Дали и во каква форма уметноста би можела да избие напред и да се избори за ефективна одбрана на она што го вообличува, артикулира, застапува, соопштува? Или, можеби, уметникот и самиот е една аномалија, девијација во вака дефинираниот и несопирлив хипернормирачки тек.

Тоа што може да се посочи како заедничко во делата на тројцата автори во рамки на оваа изложба е обидот да се долови чувството на тегобност кое произлегува од статус квото, состојба на привидно движење и промена, кои не нè упатуваат на некоја цел. Истовремено зборува и за потрагата и исчекувањето да се случи некоја неодредена, но сонувана трансформација, како солидна метафора за чувството кое го обележува времето во кое живееме“ ни изјави Владимир Јанчевски, куратор.

Изложбата беше масовно посетена .а истата е вклопена во „Кавааречката културна есен 2018“.Проектот е подржан од Министерството за култура, Општина Кавадарци и Домот на Културата „Иван Мазов Климе“-Кабадрци.и МZT PUMPI.

proturzija-2.jpg

proturzija-1024x307.jpg

proturzija-5.jpg