МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Дом на Култура “Иван Мазов-Климе“- Кавадарци во Музеј галеријата-беше домаќин на изложбата на Наташа Милованчев.Изложбата е во рамките на „Кавадаречката културна есен„

На изложбата говореа;Весна Ѓорѓиева-директор на Музеј галеријата, Александар Малинков- директор на Домот на кулурата линовниот уметник Горан Боев и аворот на изложбата Наташа Милованчев.Таа е родена во Скопје во 1967 година. Дипломирала на Архитектонскиот факултет (Скопје), Универзитет "Св. Кирил и Методиј" Скопје, во 1993 година и на Факултетот за ликовни уметности, Универзитет "Св. Кирил и Методиј", Скопје, на сликарскиот отсек, во 1995 година. На истиот факултет (ФЛУ), завршила и постдипломски студии во 2003 година.

Студиски патувања во Cité Internationale des Arts во Париз, Франција, 1999 и 2005. Има учествувано на бројни групни изложби, како и меѓународни ликовни работилници и семинари во Македонија и во странство (Србија, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Бугарија, Германија, Холандија, Шпанија, Франција). Автор на 15 самостојни изложби, меѓу кои: Скопје (1998, 2003, 2007), Крањ (2005), Париз (2005), Подгорица (2007), Софија (2009), Белград (2011), Берлин (2012).Член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија од 1994 година. Добитник на две национални награди за сликарство и плакат. Работи како редовен професор на Архитектонскиот факултет при Универзитет "Св. Кирил и Методиј" во Скопје.Ликовната изложба под наслов „Промислувајќи го просторот„ ја чинат 25 дела/слики од повеќе циклуси, циклусот “Кодови и кругови” и “Кодирани предели”, работени во техника акрил и комбинирана техника на платно. Како проект станува збор за пресек низ визуелните наслојувања низ временски период од 2007-2017 година, односно за своевидна синтеза на елементите од еден подолг творечко-истражувачки процес.

47469719_331008221066113_5379914848589053952_n.jpg

47502292_331008064399462_6484473539679223808_n.jpg

47388960.jpg

100000000000000000.jpg