Потрошувачите ке немаа воопшто или ке имаат намалено снабдување заради зголемената потрошувачка на вода
ЈП„Комуналец„ ги известува потрошувачите на вода,дека во текотна денот ,поради зголемената потрошувачка , во одделни делови на градот ,посебно ,таканаречената ,висока зона и други делови од Кавадарци и други корисници ке нема вода или ке има намален притисок во славините.
Од службата за информирање на ЈП „Комуналец“,сме известени дека екипи на ова претпријатие денеска и утре се на терен и ги отстрануваат проблемите во доводот и самата мрежа со цел потрошувачите до крајот на денот и утре претпладне да имаат нормално водоснабдување.