МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници , Општина Кавадарци започна со подготовка за дочекот на Нова Година. Дочекот на Градскиот плоштад и оваа година ќе биде исполнет со добра музика од кавадаречки бендови. Акустико Лајт и M.A.D M8ts ќе бидат задолжени за создавање на одлична атмосфера за новогодишната ноќ. Исто така е предвидена и новогодишна куќарка во која локален ресторан ќе нуди греани вино и ракија, како и закуска со симболични цени. Како и секогаш, точно на полноќ ќе бидеме сведоци на спектакуларен огномет. Од буџетот на Општина Кавадарци за организирање на дочекот на новогодишната вечер се одвоени 300 000 денари. Од денес започна и новогодишното украсување на градот кое е предвидено целосно да заврши до крајот на оваа недела, за таа намена издвоени се средства во висина од 1 500 000 денари. Последната недела од оваа година Градоначалникот г-дин Митко Јанчев ќе подели новогодишни пакетчиња во сите училишта во Општина Кавадарци, во градинките и на социјално загрозените семејства, ќе се поделат околу 4.000 новогодишни пакетчиња. Оваа најава со подготовките воедно нека биде и покана до сите граѓани на Општина Кавадарци заедно да ја дочекаме Новата 2019 - та година на Градскиот плоштад. 47572904_2311545952402786_476910784840990720_n.jpg47683898_2311545949069453_959690208700268544_n.jpg