МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Зад нас е уште едно успешно издание на традиционалната манифестација “Кавадаречка културна есен“. Изложби (ликовни, фотографски), концерти (класика, блуз, традиционална), театарски претстави (гостувачки, домашни, премиери и репризи), промоции на книги и др. беа дел од годинашното издание на манифестацијата.

“Кавадаречка културна есен 2018“ ја започнавме со блуз концерт, ќе ја финишираме со џез концерт.Во вторник, на 18 декември 2018, со почеток од 20 часот, во Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Kавадарци ќе се одржи целовечерен концерт на Jazzna Jazz Quartet, еден исклучителен џез бенд кој за сите љубители на убавата музика ќе понуди исклучителни џез стандарди и нешто плус.Се гледаме во вторник, на 18 декември 2018, од 20 часот во Дом на култура “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци на фино музичко доживување.Салата е затоплена - влез слободен!

Дом на Култура Кавадарци