МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Повеќе од 350 стоматолози и 10 компании од стоматолошкиот сектор беа дел од деветиот по ред меѓународен стоматолошки симпозиум „Тиквеш 2015“.

Семинарот се одржа во саботата на 12 септември, во организација на Здружението на приватни здравствени стоматолошки установи се оддржа во Кавадарци.

Темата на деветиот меѓународен стоматолошки симпозиум беше „Болката во орофацијалната регија“, за која говореа и свои предавања оддржаа професор доктор Кетиј Мехулиќ од Загреб, професор доктор Љубомир Тодоровиќ од Белград, доцент доктор Илијана Муратовска од Скопје, професор доктор Борис Величковски од Скопје и Ана Димитрова, претставник на компанијата „Алкалоид“ од Скопје.

Организациониот одбор на стоматолошкиот симпозиом во состав доктор Весна Чемерска - Попова, доктор Милан Камчев, доктор Жарко Георгиев и доктор Диме Цветков е задоволен и почестен што веќе девети пат по ред успешно го организира овој стручен настан токму во Кавадарци.

„Годинавме имавме посебна чест и задоволство симпозиумот да го поздрави претседателот на Стоматолошката комора на Македонија, професор доктор Владо Поповски, како и претседателот на Македонското стоматолошко друштво, професор доктор Соња Еленчевска - Апостолска. Се надеваме дека нашата добра организација, квалитетните теми и предавачи, гостопримливоста на кавадарчани, вклучително и на вработените во Домот на културата „Иван Мазов - Климе“, придонесоа сите учесници да си заминат со убави впечатоци од Кавадарци, и догодина пак да бидат дел од јубилејниот, десети по ред стоматолошки симпозиум „Тиквеш 2016“, рече меѓу другото доктор Весна Чемерска - Попова, која во име на целиот организациски одбор јавно ја искажа својата благодарност до компанијата „Кожувчанка ДОО“ и господинот Митко Јанчев, како и до градоначалникот Александар Панов кои несебично ја помагаат оваа манифестација неколку години наназад.

Годишното издание на стоматолошкиот симпозиум беше надополнет и со саемски дел во чии рамки своите производи ги претставија десет компании кои изложуваа стоматолoшки материјали.