МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Денека 20 декември - се навршуваат 75 години од формирањето на Втората македонска ударна бригада.Делегација на Борците, Советот, Локалната самопуправа положија цвеќе на споменикот на Диме Туриманџовски -Горски-командант на Бригадата.

Со одлука на ГШ на НОВ и ПО на Македонија во с. Фуштани Ег.Македонија од баталјоните “Страшо Пинџур“, “Вториот баталјон на третата оперативна зона“ и еден бугарски одред е формирана Втората македонска ударна бригада. Со наредбата е формиран и штаб на бригадата: за командант бил избран Диме Туриманџовски- Горски, зам. командант Лазар Калајџијски Добри, полит. комесар Трифун Трифунов Балкански и за. Полит. комесар Мито Хаџи Василев Јасмин. За своите заслуги во борбата против фашистичкиот окупатор (води повеќе од 200 успешни борби), бригадата е одликувана со Орден заслуги за народ со златна ѕвезда и Орден братство и единство со златна ѕвезда. Бригадата во состав на Првата македонска дивизија учествува во завршните борби за ослободување на Македонија и Југославија.

Денеска по тој повод на споменикот на Комнадантот на Втората македонска бригада Диме Туриманџовски- Горски делегација и преставнци на Боречката организација,Советор на Општината и Локалната сампоуправа положија свежо цвеќе , а за знаќењето на бригадата зборуваше Илија Браов- од СБ-Кавадарци