МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Покрај на децата згрижени во Детската установа „Рада Поцева“ кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев присуствуваше и беше меѓу децата од Дневениот центар за лица со посебни потреби и ним како на останатите деца им подари новогодишни пакетчиња

Посебно време од дневната агенда, градоначалникот Митко Јанчев одделува за децата.Меѓу нив е неколку часа,ги следи приредбите, разговара со нив, и на крајот и подарува новогодишни пакетчиња.Таа негова активност, забележуваме истовремено му прави задоволство и среќен е што може барем за кратко да им се посвети на децата, истовремено да се одмори од дневните обврски кои ги има премногу, што е очигледно но истовремено и да го види нивото на згриженоста на децата во Градинките. Денеска Јанчев со соработниците од неговиот кабинет, беше меѓу децата од Централниот клон на Градинка „Рада Поцева“ и со децата со посебни потреби згрижени во дневниот центар.

Најмладите со нивните воспитувачки и негувателни, и вработени-направиле одлична претстава посветена на Нова година и Дедо Мраз, добро одиграна со одлична глума , и кореографија,интерактивна за возраста на децата со пораки кои се универзално позитивни.Заедно со оние што беа на сцената пееја песнички, рецитираа или ги изговараа сценските реплики.Една убава атмосфера каква може да се создаде само со најмалите граѓани на Кавадарци.

Исто така весело и новогодишно беше и со згрижените деца во Дневниот центар за деца со посебни потреби. Новогодишното пакетче ги израдува сите згрижени деца во овој Ценар ,а потоа на градоначалникот му запејаа новогодишна песна.