МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во вторник 7-ми ДЕКЕМВРИ премиерно ќе биде изведена комедијата ,,НЕ СЕГА ДРАГА,, на сцената на ДОМОТ НА КУЛТУРАТА ,,ИВАН МАЗОВ КЛИМЕ.

“Не сега драга“, е според текст на Реј Куни, а во режија на Диме Боцев.Играат: Диме Коцевски, Магдалена Атанасова, Видан Станоев, Надица Анѓелкова, Александар Малинков, Александар Видиков, Сијче Трајкова, Диме Боцев и Сашко Орешков.Музика/светло - Пепи Ангелов, костимограф - Сара Милевска, суфлери - Благица Илиева и Кристина Јованова, сценска поддршка Диме Темков и тим на Дом на култура Кавадарци.Претставата “Не сега драга“ е комедија на забуни, ситуации и интересни ликови.Претставата е за публика над 16 години

Во петок, на 10 декември 2021 и во сабота на 11 декември 2021 со почеток од 19 часот, Театарот при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци, репризно ќе ја изведе претставата “Не сега драга“, Поради ограничен број на седишта поради протоколите за пандемијата, билети за првата и втората реприза можат да се резервират на тел.број 076/445.582 исклучиво со СМС порака секој работен ден од 9 до 14 часот. Влезниците се подигаат на билетарница на Домот на културата од 17 до 18.30 часот. Доколку до 18.30 не бидат подигнати, ќе бидат пуштени во продажба. Остатокот од билетите е во продажба по цена од 100 денари на билетарницата од 17 до 19 часот на денот на претставата.Претставата ќе се одвива според сите предвидени протоколи за COVID - 19: Влезот е можен само со Сертификат за примена вакцина и задолжително носење заштотни маски. Бројот на присутна публика е 50 % од предвидениот простор.Поради пандемијата, претставата започнува точно во предвидениот час.

263656371_4549913795043980_2140179393135505975_n