МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На денешната седница на Советот на Општина Кавадарци беше едногласно усвоен Буџетот за наредната година-најважниот документ за Општината.Најавени се многу инвестиции од кои некои капитални.

Двете советнички групи кои го сочинуваат и доминираат во Советот на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се изјаснија позитивно а за гласаа и другите советници, според што, беше изгласан Буџетот-на општина Кавадарци по кој градоначалникот Митко Јанчев, и целата администрација , и сите служби и Советот ке работат наредната година а граѓаните ќе можат да ги користат благодетите на подобрениот градски- урбан живот.

В година Буџетот ке тежи околу 16 милиони евра а образложение за прибирањето и трошењето на средстватата поднесе раководителот на Секторот финасии во Локалната самоуправа а Кавадарци Цанка Јованова .За инвестирањето,изградабата зи развојот на Општината зборуваше градоначалникот Митко Јанчев.Истовремено неколку советници ја дополнија Програмата за инвестирање и изградба со свои амандмани и предлози од име на граѓаните за кои градиначаникот и Сиветот главно позитивно се изјаснија со прифаќање.

За в година Јанчев најави:Изградба на нов Градски пазар,Паркиралиште (кај Анот),нов кружен тек кај ВВ Тиквеш,Спа центар,Градски базен, доизградба на 1км. нов кеј во Ваташа,завршување на „Западен булевар„,Реконструкција на ДТВ Партизан,оградување и уредување на СЦ „Јасмин“,Нова П.Пожарна зграда со придружни елементи,доизградба на нови 5 заминални за детските градинки, почеток на градба на Нова детска градинка,неколку нови сообраќајни решенија за подобрување на безбедноста во сообраќајот,реконструкција и асфалтирање на важни булвари и улици во градот од витално значење.Планирано е вложување на средства во водоводни и канализациони мрежи во градот и импелементирање на 2,5 милиони евра добиени за ЈП Комуналец од КФВ Банката,реконструкција на улица „Тиквешко Востание„,изградба и реконструкција на нова улична расветна мрежа,реконструкција на пат Мушов Гроб-Мрежичко-Мајдан и Кавадарци-Росоман,вложувања и развој на спортот за подобрување на услови за спортување во Кавадарци, Бегниште, Сопот, Марена и други средини,вложувања во здравството, промена на покриви на неколку училишта, изградба на две училишни згради во ООУ„Страшо Пинџур„ и „Д.А. габерит“ -Ваташа и други вложувања и старт на инвестиции кои ке продолжат и во 2020 година.

видео снимки од експозеата на :

Цанка Јованова-Раководител на Сектор за финасии на ЛС Кавадарци

Митко Јанчев- градоначалник на Општина Кавадарци.

003333.jpg

0002222.jpg