МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

„На 20.07.2022 во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Р.Р.(32) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривични дела кражби и тешки кражби, извршени на подрачјето на ОВР Кавадарци и ОВР Неготино. Тој бил приведeн во Полицискaта станица во Кавадарци и по целосно документирање на случјаот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.!„ се наведува во денешниот билтен, каде е наведедува за уште еден случај на кражба:

„На 20.07.2022 во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода П.Б.(35) и Г.Д.(36 ) од Кавадарци. Тие се сомничат дека на 19.07.2022 извршиле кривично дело „кражба“ од патничко возило во Кавадарци. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.„ се наведува во бИлтенот на МВР од 20 јули 2022.