Фабриката за производство на кабелски сетови за Мерцедес С-класа во Кавадарци по втор пат ја посети Барбара Бергмајер, генерален оперативен директор на „Дрекслмаер“ и имаше можност уште еднаш да се информира за производните процеси и моменталната состојба, како и за можните идни перспективи на фабриката.
На посетата на фабриката Бергмајер беше придружувана од регионалните менаџери на „Дрекслмаер Груп“ за Југоисточна Европа; Урлих Либек и Клаус Фукерспергер.
- Нарачките во производството се зголемени и тоа е добар знак. Во Кавадарци произведуваме производ кој е многу баран на пазарот во премиум-автомобилската индустрија што ни потврдува дека работните места во оваа фабрика се сигурни. Нашите вработени се наоѓаат во центарот на вниманието на „Дрекслмаер“. Со нивниот ангажман произведуваме висококвалитетни производи кои ги испорачуваме на клиентот според принципот „точно на време и точно во секвенца“ - рече Брегмајер.
Во овие четири години Дрекслемаер континуирано го зголемуваше својот квалитет и ефикасноста и истовремено се ориентира кон клиентите, но и кон своите вработени. Се обучуваат вработените на сите нивоа во најразлични области и се моделираат производствените капацитети.
- Резултатот е што имаме стабилна фирма со околу 5000 вработени која е сигурен партнер на овој регион - рече Лукас Мирингер, генерален технички директор на „Дрекслмаер“ Македонија.