ЈП Комуналец ги санира дефектитe од ниските темпартури
Поради дефект на главна водоводна линија за Росоман,денеска без вода за пиење ќе останат корисниците на Росоман, село Рибарци, фабриката ДРЕКСЛРМАЈЕР, СЛОГА и село Сопот во времетраење од 9 часот до 16 часот .
Истовремено ЈП КОМУНАЛЕЦ Кавадарци сооштува дека денеска поради технички проблем на доводниот цевковод за резервоарите за висока зона, можно е корисниците на висока зона на населбата Голи оток,висока зона селата Ваташа, Возарци, Шивец и комбинат ФЕНИ -Индустри ,да се соочат со намален притисок или целосен прекин на водоснабдувањето. Поради непристапноста на теренот екипа на ЈП КОМУНАЛЕЦ пристапи кон решавање на проблемот .
Пораду ниските темопатури ЈП КОМУНАЛЕЦ апелира до сите свои корисници чии што мерни инструменти - водмери се поставени во непрописни шахти, навремено да извршат превентивна заштита на истите, а со цел да се спречи евентуално нивно оштетување, но и дефекти на водоводната линија како резултат на непогодните временски услови со кои е моментално зафатена нашата општина, а има најава и за по екстремно ниски температури.