МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

фото / РТК-архива

Фрлањето на крстот ќе се изврши во 11:00 часот.За фаќањето на крстот владее голем интерес.

Богојавленскиот крст во Кавадарци годинава повторно ќе ги освети водите на реката Луда Мара. Со овој чин симболично свештениците од МПЦ ќе го извршат светиот чин на крштевањето осветувајќи ги сите водотеци, со што се става крај на таканаречените некрстени денови од Божик до Водици.

Во Кавадaрци богоjавленска служба за Водици ќе се служи во Црквата Св.„ Преподобна Параскева-Петка„, и во црквата Св. „Димитрија“ .Веднаш потоа две посебни литии ке тргнат кон реката кај мостот.Литиите ке се движат од новата црква по улиците - дел на бул. „Вељко Влаховиќ“- бул. “Никола Минчев“ - „ Илинденска„ ,Бул.„Македонија“ –ул „Блажо Алексов“ до мостот на ул „7-Септември“.

МПЦ-ОА упатува повик до граѓаните во вторник на 19 јануари 2019 година да се приклучат што помасовно на поворката со светиот крст и заедно со свештенстото како што налага редот низ кавадаречките улици да го пренесат светиот крст до водите на реката Луда Мара. Фрлањето на крстот ќе се изврши во 11:00 часот.За фаќањето на крстот бладее голем интерес.

Традиционално Богојавленски водосвет ќе се изврши и на Браната „Моклиште.Исто така ке бидат осветени водите во Тиквешкото езеро и водите на други Општинини во Тиквешијата и Македонија.

РТК.МК ке врши директен пренос од потопувањето на крстот во реката „Луда Мара„.