МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во Кавадарци во водите на реката Луда Мара прв крстот го фати Дарко Недев - 17 години, од Кавадарци.

Градоначалникот Митко Јанчев од име на Локалната самоуправа му подари телевизор а Зегин пригоден подарот.Сите 20-тмина млади кои учествуваа во Водици во фаќањето на крстот добија мантили за капење..

Ви изјавата за јавноста Дарко рече дека имал голема желба и таа му се оставрила.Јанчев ги поздрави кавадарчани и им посака здравје и бериќет.

Инаку на чинот на осветувањето на водите на реката во Кавадарци му претходеа Богојавленски литургии во двете цркви Свети Димитрија и Света Параскева Петка ,по што двете литии низ улиците на градот дојдоа до мостот на реката каде од пред неколку години се врши водосветот и потопувањето на крстот.И годинава имаше многу народ, што беше карактеристика и за овој ден.

Богојавленска служба се одржа и во Црквата Пресвета Богородица во Ваташа , а потоа свештениците отслужија служба и ги осветија водите на Моклишкото езеро.Годинава реки на луге и возила забележиме овде.И старо и младо,многу граѓани присуствуваа на чинот на фрлањето и фаќањето на крстот по кој годинава скокнаа 5-мина ваташани.Прв до крстот дојде Иван Добринов .Тој е оженет , жител на село Ваташа, повеќе години пливал по крстот и годинава среќата му се насмеала, па така среќен рече дека в година нема да плива бидејќи господ сакал годинава да го фати крстот и со тоа е задоволен.

Во изјавата на градоначалникот Јанчев го поздрави овој чин кој во Ваташа го очекуваат многумина и затиа му се дава посебно внимание .Тој од име на локалната самоуправа му подари телевизор и бањарки на сите натпреварувачи.

Инаку и на Тиквешко езеро и на други води во Тиквешијата се организираше водосвет,на кој присуствуваше многу народ.

РТК вршеше директен пренос од фрлањето на крстот во Кавадарци.