МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Информација поврзана со хуманитарната акција на Дарко и Лозари Исток.

Спојувајќи ги религијата и хуманоста, Дарко Недев, момчето кое вчера го фати Светиот крст во водите на реката Луда Мара, и навивачката група Лозари Исток инспирираа голем број на кавадарчани да се вклучат во хуманитарната акција за помош на Драгана Малкиќ на која и е потребна итна операција во Германија.

На штандот на кој кавадарчани имаа можност да го целиваат Светиот крст кој вчера беше потопен во водите на реката Луда Мара, денеска беа собрани повеќе од 81.000 денари кои веќе се предадени на семејството Малкиќ.

И покрај задоволството од огромниот одзив, од навивачката група Лозари информираат дека и во наредниот период ќе продолжат со хуманитарната акција се со цел што побрзо да се соберат уште 5.000 евра кои се потребни за операцијата на Малкиќ. Дополнително Лозари потсетуваат дека сите хумани луѓе можат да донираат на следната жиро сметка 280109104095596