Општина Кавадарци продолжува со реализација на проектот за пробивање на улицата „Кукушка“.
Се спроведе рушење на стара куќа подложна на паѓање, како и отстранување и расчистување на просторот. Со овој зафат се отстранува сериозна опасност по пешаците и сообраќајот на улицата „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ каде секојдневно има голема фрекфенција на возила како и пешаци, особено на учениците од гимназијата „Добри Даскалов“.Со пробивањето, како и проширување на оваа улица за дополнителни 20 сантиметри се отвора нов пократок и директен сообраќаен пристап за жителите на оваа улица кон една од главните сообраќајници во градот. Согласно проектот општината овде претходно изврши промена на подземната инфраструктура, а беше изграден и армирано-бетонски потпорен ѕид.