Предлог одлуката за изменување и дополнување на Буџетот на општина Кавадарци за 2016 година заедно со годишните извештаи и програми на градинките, основните и средните училишта сочинуваат најголем дел од точките кои ќе бидат тема на расправа на четириесет и деветтата седница на Советот на општина Кавадарци, која ќе се оддржи во петок, 23 септември.
Покрај овие точки, советниците ќе дискутираат и за предлог програмата за изменување и дополнување на програмата за изработка на урбанистички планови во општина Кавадарци, одлуката за изменување на прилог кон правилниот за организација на работењето и стиематизацијата на работните места со опис на извршување и услови кои треба да ги исполнуваат работниците на секое работно место во МЏЕЦ Лукар ДООЕЛ Кавадарци, одлуката за утврдување на висина на бод за исплата на плата на вработените во МХЕЦ „Лукар“ и предлог програмата за изменување и дополнување на програмата за уредување на градежно земјиште на просторот на општина Кавадарци за 2016 година.