По романот „Разголена душа„ издаден лани, Марта Димитров на читателската публика од Македонија и ја претстави новата стихозбирка „Мојот храм е внатре во мене„.
Tриесет (30) песни се напишани со едноставна а сепак посебна желба за отсликување на стварноста во која живееме.Oва поезија е со оригинална идеја и порака-блиска до секого,таа е практична.Затоа и е добро примена од оние кои имаа можнист да ја прочитаат.
Стихозбирката е наградена од издавачката куќа “Нов Вавилон„ од Битола со Признание за афирмација на македонскиот јазик и литература.
Модератор на настанот беѓе Сотир Д. Георгиевски а Ева Димитров Кузев и Моника Стојанова- одлично ја донесоа содржината на песните. Членови на Центарот за модерни и спортски танци „Прима данца„- изведоа пригодни танци.
На присутните им им се обрати и авторот Марта Димитров која не го криеше задоволството од раѓањето на ова нејзино второ литературно дело:
-„Инспирацијата ја црпам од секојдневниот живот, обожавам да пишувам за смислата на животот, песните претежно не се љубовни, и секогаш се обидувам тие да содржат поука која би ја извлекол читателот“- рече таа.
Инаку самата промоцијата се оддржа во просториите на танцовиот клуб „Прима Данца" во Скопје,а ја следеа љубители на пишаниот збор од Скопје и Кавадарци.Пријатно изненадување беше,покрај другите,присуството на членови на поетскиот клуб"Тиквешки цветови" од Кавадарци.
-„Иако првата љубов ми е прозата, со поезијата успеав за брзо време да допрам до многу луѓе. Истата наиде на убави реакции на социјалните мрежи и кога го добив признанието за афирмација на македонскиот јазик и литература од издавачката куќа Нов Вавилон решив песните да се отпечатат“- додаде авторот на „Мојот храм е внатре во мене„
Наскоро ке се одржи промоција на втората книга на Марта Димитров и во Кавадарци.