МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Овие два дена се најавува забрзан откуп на ова сорта.

Има проблем со откупот на кратошијата -ранец и затоа заменик министерот за земјоделие Ванчо Костадиновски синоќа беше со директорот на државниот инзпекторат по земјоделие и разговараше отворено со кавадаречките и неготинските лозари.

Средбата беше неофицијална но непосредна и корисна за лозарите.Поради закочениот откуп и прибирање на вранецот, собено во неколку реони заради што Костадиновски и дојде во Кавадарци, тој отворено ги праша лозарите каде имаат проблем , колку грозје остана на лозјатаза и затоа веднаш ресорното министерство да интервенира.

А имено според претседателот на „Агротиквешија„ Љупчо Аризанов само 50 насто од ова сорта е набрана,лозарите наидуваат на затворени пунтови,малку се откупувачите на ова подрачје.Откупува единстевно „Аневски„ и „Повардарие„, а другите се ретки или ги нема никаде.Заради долгото стоење, ова сорта калира и сокот останува на нивите.Лозарите се жалеа на одбивање на набрани кооличини грозје заради шекерност помала од 20 малигани.

Бидејќо рерално уште околу 30 милиони килограми „вранец„сеуште не е откупен уште денеска ,вети Костадиновски ке се отворат пунтови и засили динамиката на прибирање во реоните на :Сопот, Возарци,Тимјаник,Марена,Росоман,Манастирец,Кавадарци и други делови од Тиквешијата.Сите аномалии ке се исправат во од, особено забелешките за „крадење„ на вага или одбивање на набрано грозје заради недоволна шекерност. Затоа и директорот на инспекторатот за земјоделие Цветан Трипуновски потврди веднаш да пријават кај инспектортитер кои се наоѓаат на секој пункт, за да се интервенира да се откупи набраната количина и грозјето да не ферментира.

Заменик Министерот Костадиновски на средбата со кавадаречките лозари рече дека , за „смедеревката“ се најавува поголема заинтересираност од Винариите особено е зголемен интерест за извоз во Русија.Досега во Тиквешијата од ова сорта единствено први киличини откупија Визбите „Повардарие“ и „Тиквеш“.

ВИДЕО