МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Денеска ова средно училиште на свечен начин го одбележа својот празник на кој покрај другите присуствуваа збратимените училишта од Р.Србија партнери со кои се градат мостови на меѓусебна соработка. .Беше изведена пригодна програма а за сегашноста и иднината на училиштето говореше Горан Велковски-директот СОУЗШ„Ѓорче Петров“-Кавадарци

На прославата на патронатот претходеа: Спортски натпревари во кошарка, вторник ,изложба на слики од активности во училиштето,изложба на пехари, пофалници и др,изложба на вино, ракија .Се доделија јубилејни награди на професорите и награди на учениците за постигнати успеси.На патронатот присуствуваа поранешните професори кои го вградија својот живот во оваа образовно воспитна институција со својата посветеност, креативност и дух.

Горан Велковски -директор на СОЗШУ ги поздрави присутните и да даде краток осврт на досегашните постигнувања на Земјоделско – Шумарското Училиште и плановите за идните развојни линии на училиштето.

За својата успешна работа во воспитно-образовниот процес им се доделија јубилејни награди на професори за поминати 20, и 30 години работа во СОЗШУ Пофалници за особен придонес кон афирмацијата и реномето на училиштето им се доделија на повеќе ученици:

Ученици од училиштето под раководстви на професорот Влатко Тасев беше изведенен рецитал „Спас за нашата планета“ а во пресрет на Денот на жената монолози за Доста Рожденката и Велика.

Пред бистата на Ѓорче Петров пред училиштето беа положени свежи цвеќиња,од страна делегација на училиштето и Локалната самоуправа Кавадарци.