(насловна фотографија ФБ профил Лозари исток)
Се пореални шансите за отварање на граничниот премин Пулевац, меѓу двете соседни земји.Идејата стара 30 години денес има можност да се реализира.Разговори во кабинетит на градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев со пратеници од Грција и Македонија. Развој на економијата и туризмот на Тиквешиот и регионот на Аридеа.
По потпишувањето на Преспанскиот договор меѓу Македонија и Грција, динамиката на реализирање на проектот за отварање на граничен прием меѓу двете земји се забрзува.Од македонснка страна од Агенцијата за патишта планирани се околу 50 милиони денари за вложувања во патна инфраструктура за делницата од Мушов Гроб до Мајдан.Владата го подржува овој проект и ќе стори се истиот да се реализира.Тоа деновиве при престојот во Кавадарци го потврди и премиерот Заев.
Градоначаникот Митко Јанчев во петокот на 8 март 2019 година,организира состанок на наши и грчки пратеници во двата парламента.Од наша страна на средбата беа присутни пратениците Бетиане Китев и Панчо Минов од Кавадарци и Ристо Ташев од Неготино а од грчка пратеникот Сифакис Јанис.
По средбата изјави за новинарите дадоа Јанчев и Јанис.