Во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци се оддржа четвртото издание на Меморијалната манифестација “Пријателите за Ристо“.
Во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци се оддржа четвртото издание на Меморијалната манифестација “Пријателите за Ристо“. Ова меморијалната манифестација е посветена на еден од најголемите кавадаречки и македонски ликовни уметници Ристо Соколов Сокол кој прерано почина 2015 година.Тој има многу пријатели кои и синоќа беа во Галеријата на Домот, со цел да бидат барем кратко со секавањата за него.На Соколовиот живот и другарување не потсетија Александар Малинков-Директор на Домот на Културата и добар пријател на Ристо, и Марјан Тодоровски- од Домот на културата исто така голем пријател на Ристо Соколов , а од Англија со видео порака во за живототот со Ристо Соколов се јави,Елпида Хаџи Василева-кавадаречки и македонски, а светски уметник , еден од нашите наекспонирани уметници кои живеат и работат надвор од Македонија, дете на Кавадарци, дете на кавадаречката чаршија а која не преставуваше како држава на Венецијалнското биенале. Со одбрани искрени зборови на присутните им се обрати и академскиот сликар Трајче Јованов - ученик на Соколов, кој низ моменти од дружењето, не потсети каков обичен чивек а во истовреме каква уметнуичка душа беше тој., На денот на раѓањето на големиот уметник и човек, неговите долгогодишни пријатели, соработници и соборци, со избор дела од неговиот последен работен циклус, со видео материјал од неговиот живот и творење и со музички перформанс на “Jazz All Night Trio“ се потсетивме на еден величенствен уметнички и животен пат , во чест на човекот кој и беше и пријател и соработник -големиот Ристо Соколов Сокол. Организатор на Меморијалната манифестација “Пријателите за Ристо 2019“ е Здружението за алтернативна култура “Алтер Центар“ Кавадарци, во чиј рамки работи неформалната група уметници “Сокол Арт“, а во соработка со Дом на култура “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци.