МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Секоја од нас во државата во 2018 година создал 412 килограми отпад .Најголем дел од отпадот завршува на депониите, но сепак голем дел од створениот отпад граѓаните го фрлаат на несоодветни места-диви депонии .

Општина Кавадарци со сите сили настојува да ја зачуваме средината во која живееме,колку што е тоас можно во природна форма, или да ја раззелениме урбаната околина, oколу нас. Градoначалникот Митко Јанчев се залага за Кавадарци како Еко град.Во тоа барем, во досегашнто практицирање на власта, има успех. Овде е и ЈП Кoмуналец кое со сите сили настојува за стварање навики кај населението за соодветно депонирање на сметот, а Еколошкото регионално друштво „ЕКО Живот“ се повеќе станува авангарда на која сметаат и власта и невладините организации за анимирање на свеста кај младата и постарата популација за конретнизирање на сите жаришта кои продуцираат загадување од било кој вид и соодветно решавање на проблемите.Во таа смисла треба да го споменеме и Еколошкото друштво „Тисовец„ од село Визарци како единствено рурално друштво од ваков вид кое се залага за чиста животна средина.

Денеска на Светскиот ден на Планетата земја 22 април,РТК.МК беше со младите еколози од Кавадарци и Возарци, со преставници на Општина Кавадарци, и ЈП Комуналец во рамките на изведбата на акцијата за санирање на дивата депонија на патот село Возарци- Брана на Тиквешко езеро од десната страна на патот, створена од возарчани и сопствениците на куќи во околинaта на Тиквешко езеро.Колку е голема депонијата зборува фактот дека освен триесетина активисти мораше да се употреби и утоварач и механизација за да се исчисти целата површина.

Инаку еколошките акции на Општина Кавадарци и Еко живот продолжуваат утре и наредните денови.Реализацијата на ваквиот вид активности е планирано со оглед на согледаните состојби на терен и одлуката да се дејствува , со цел елиминираена евентуалните загадувачи и депонии кои ги направиле нашите сограѓани.

Видео изјави на :Маја Миткова- млади на ДЕМ

Роберто Паризов -Еко живот-Кавадари

Сашко Данов- ЕД„Тисовец„

ученици од ОУ„Страшо Пинџур„-Возарци