МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Сообраќајката се случила доцна попладнево на патот од Кавадарци кон мотел Дреново на патот Градско Прилеп

Информацијата ја потврдуваат како од територијалната противпожарна единица од Кавадарци, така и од итната медицинска помош од овој град.

-Интервениравме бидејќи еден од повредените беше приклештен во возило кое од ударот беше исфрлено на тешко пристапен дел, па моравме да го извлечеме. На лице место бевме тројца пожарникари со едно возило-велат од противпожарната служба.

Според пожарникарите кои беа на лице место, во сообраќајката учествувале три возила, “голф’, “форд” и “опел вектра”.

Од брзата помош во Кавадарци кажаа дека нивни колеги сеуште се со повредените кои биле префрлени во градската општа болница во овој град.