МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Оперативата на фирмата „Коле транс“ од Штип асфалтираше дел од улицата „Никола Карев“ на потегот од спојот со улицата „Ресавска“ до влезот во ООУ „Тоде Хаџи-Тефов“.

Според проектот се реконструира должина од 130 метри. Претходно беше отсранет стариот и дотраен асфалт, по што се изврши порамнување со тампон.Оваа улица се реконструира на барање на жителите, а во рамките на пролетната кампања за комунална изградба.Улицата е особено користена од учениците во училиштетео „Тоде Хаџи-Тефов“, а со нејзината реконструкција општината обезбедува поголема безбедност како за пешаците, така и за останатите учесници во сообраќајот.

61373560_2423913744499339_5108598298462126080_n.jpg