МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Ракометарите на Тиквеш треба да гостуваат во Охрид но федерацијата сеуште е без став за ковид состојбата

Според првичните најави на РФМ новата сезона во Суперлигата во која што ќе партиципираат 12 екипи би требало да стартува утре односно задутре. По долго време во регуларниот дел од првенството се враќаат и македонските претставници во СЕХА лигата. Бидејки во среда е 8 септември односно Денот на независноста на Македонија, сите натпревари би требало да се одиграат во четврток на 9 септември. Дербито на првото коло ќе се одигра во Автокоманда, каде што Металург ќе го пречека составот на Пролет. Но сеуште нема став од федерацијата поради фактот што половина тим на Пролет по враќањето од Шпанија е ставен во карантин. Шампионот Вардар стартува со дуел во кој е голем фаворит против новиот суперлигаш Скопје. Но и тука федерацијата е без став бидејки во редовите на Вардар има заболени од Ковид поради што СЕХА не му дозволи на нашиот првак да игра на Ф4 во Задар. Вицепрвакот Еурофарм Пелистер игра братски двобој со Еурофарм Пелистер 2 на кој исто така ја има фаворитската улога.Возбудувања се очекува да има и на дуелите меѓу Охрид – Тиквеш, Бутел – Прилеп и Радовиш – Струга. Кавадаречките ракометари со прикажаното на турнирите во Струга и Прилеп ке се обидат годинава да стигнат до плеј офот и да му ги помрсат сметките на некои фаворизирани екипи.

М.В.

241219354_357313969377548_8351377812378479534_n