Во „Дрекслмаер“ денеска беа потпишани седум договори за вработување со ученици од СОУ „Ќиро Спанџов Брко“ во рамките на дуалното образование, кое за прв пат се спроведува во ова училиште. Инаку 16 ученици посетуваа практична настава во посебно опремена училница во компанија во Кавадарци.DRÄXLMAIER Group спроведува дуално образование според германски модел и стандард. Ова компанијата обучува околу 1000 ученици на разни локации.
Дрекслмајер ја имаше честа да им честита и посака успех на првата генерација ученици кои следеа настава според пилот програмата на дуално стручно образование. Шеснаесет ученици од Средното општинско училиште „Киро Спанџов-Брко“ во Кавадарци кои посетуваа практична настава во компанијата, добија сертификати за успешно завршена практична обука.
Седуммина од нив остануваат и понатаму дел од нашата компанија и ги потпишаа своите први договори за вработување. Во прилог Ви го испраќаме соопштението од денешниот настан, на кој беше присутен и г. Патрик Мартенс директор на Делегацијата на Германското стопанство во Македонија.
Од настанот денеска добивме соопштение од DMM во кое се вели :
“Дрекслмајер им честита на идните мехатроничари
Вработени се седум средношколци од првата генерација завршени ученици, кои посетуваа практична настава за мехатроника во фабриката Дрекслмајер воКавадарци.
- Дрекслмајер ја имаше честа да им честита и посака успехна првата генерација ученици кои следеа настава според пилот програмата на дуално стручно образование. Шеснаесет ученици од СОУ „Киро Спанџов-Брко“ во Кавадарци кои посетуваапрактична настава во компанијата, добија сертификати за успешно завршена практична обука.Седуммина од нив остануваат понатаму дел од нашата компанија и ги потпишаа своите првидоговори за вработување. Со тоа, овие млади и надежни кадри ќе продолжат и понатаму да ги развиваат своите професионални вештини во доменот на индустриската мехатроника.
Настанот на кој беа доделени сертификатите и потпишувањето на договорите за вработување,се одржа во компанијата Дрекслмајер. Присутните гости ги поздрави генералниот директорЛукас Мирингер, меѓу кои и г. Патрик Мартенс директор на Делегацијата на германското стопанство, како и директорот на СОУ „К.С. Брко“, Драги Ташев.
„Ми претставува огромна чест што денес ја имаме првата генерација ученици според моделотна дуално стручно образование. Драго ми е што почетокот на една успешна професионалнаприказна почнува токму во Дрекслмајер - компанија која го препознава потенцијалот кајмладите и ги поддржува да успеат во своите прфесионални намери. Им честитам ним и нанивните најблиски и секако учењето не запира овде; Дрекслмајер и понатаму ќе вложува востручните квалификации на нашите нововработени колеги“, истакна Лукас Мирингер.
„Среќен сум што бев дел од наставниот модел на дуално стручно образование. Овде добивголемо искуство во повеќе области, научив што е одговорност и самодисциплина, но се стекнав и со професионални вештини кои ќе ги применувам понатаму во пракса. Се разбира,горд сум на мојот прв договор за вработување“ – рече Драги Костадиновски матурант во СОУ„Киро Спанџов-Брко“.
Дрекслмајер е една од водечките компании во земјава која го спроведува моделот надуално стручно образование според германски модел и стандарди. Околу педесетинаученици од Средното стручно училиште во Кавадарци ги совладуваат вештините наиндустриската мехатроника во најсовремено опремена работилница во фабриката. Какосемејна компанија, DRÄXLMAIER Group придава особено значење на тоа, на сите вработени низ целиот свет да им понуди модерна работна средина со највисоки стандарди, како ибројни можности за обука.
Остануваме и понатаму доследни на нашата долгорочна стратегија во поддршката намладите луѓе и нивниот професионален развој.