МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Цвеќе на споменикот положија делегации:Локалната самоуправа, Сојузот на Борци, ОО на СДСМ и ОК на ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа е прво организирано вооружено востание на македонскиот народ по Илинденското кое, поради разни причини, било долго премолчувано и од историчарите.

Тиквешкото востание траело седум дена и толку траела слободата на Кавадарци и Неготино и повеќе села од тиквешкиот регион. Македонските востаници ги ослободиле градовите Кавадарци и Неготино, како и педесеттина села од тој крај.

Востанието било крваво задушено, загинале или биле убиени повеќе од 1.000 Македонци, а околу 2.700 биле затворени. Притоа биле изгорени околу 1.000 куќи и дуќани, пред се во Кавадарци и во Неготино.

Историски час за настанот кој по величината на случувањето и репресалиите , на еден од најзначајните настани по Илинденското востание за граѓаните на овој крај и на Македонија, одржа Марија Михова – Виш кустос историчар.

tikvesko-vostanie1-480x326.jpg

567.jpg

300px-Tikveški_ustanak_-_spomen_ploča.jpg