Oд име на Општина Кавадарци и бизнис секторот на МВР односно ПС за ОН Кавадарци ,градоначалникот Митко Јанчев ,им ја предаде донацијата - две патнички возила „Шкода Рапид“
На предлог на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев –Општина Кавадарци бизнис секторот на Кавадарци и денеска на МВР и ПС од ОН Кавадарци им донира две возила „Шкода Рапид„. Благодарност за донацијата лично изрази министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски кој го посети Кавадарци со соработниците а притоа покрај со началникот и соработниците се сретна и со градоначалникот Митко Јанчев.
Министерот Спасовски за поволна ја оцени безбедносната состојба , а припадниците особено биле успешни во расветлувањето на кривично дела.
Во салата на Собранието тој се сретна и разговараше со градоначалникот МИтко јанчев претседателот на Советот Ристо Сакалиев и советниците на градскиот совет.
Министерот за внатрешни работи денеска ,покрај Кавадарци ги посети и општините Градско, Демир Капија и имаше работни средби со полициските службеници, локалните совети за превенција.