МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

„Другари и другарки,

Драги работници, студенти, земјоделци, наставници, новинари, народе, додека големите партии се препукуваат и докажуваат колку НЕ направиле за подобро утре, ние сакаме да го честитаме празникот на работниците! Работниците се всушност машината која го придвижува општеството напред, без нив газдите се бескорисно управувачко тело! Синдикатите веќе одамна ги продадоа работниците и сега им служат на властодршците! Работникот е оставен сам! Додека газдите лееја крокодилски солзи за изгубените профити затворени на безбедно во нивните мермерни палати, работниците во сред пандемија продолжија да работат на ризик по своето здравје да ни озбезбедат храна, енергија, облека, лекови и сите други производи и услуги есенцијални за живот. Но работникот знае колку вреди!

#ПрвиМајЖивее#ЧеститПразникРаботници “

- се наведува во честитката по повод Први Мај на Партијата „Левица„ ЛО Кавадарци.