На 5,6 и 7 јуи на просторот на Кожуф планина во село Мрежичко ке се одржи 4-издание на АЛШАР 2019.Поканата за учество важи са сите.Ве очекуваме. Од Здружението во се обраќаат до сите граѓани , љубители на велоспиедот и природата...
„Почитувани Точакџии, Планинари, вљубеници во природата и планините, почитувани пријатели,
Имајќи огромна почит и разбирање кон сите Организатори и посетители на Настаните под отворено кои веќе ги има на секоја македонска планина и респектирајќи го виртуелниот простор и временската рамка низ која овие настани се одржуваат и еве поминаа неколку од нив, каде Тиквешките Точакџии дадоа безрезервна поддршка , а секако и за следните настани Тиквешки Точакџии ќе бидат присутни,
еве на Ваше очекување спремни сме и сакаме да објавиме, најавиме за долгоочекуваниот Настан под отворено „АлШар 2и19 – 5-6-7 Јули – Допри го сонцето, осознај ја тајната за почетокот на светот“:
• Програма на настанот - ПРИЛОГ
• Објава за комплетирање на Старт Пакетите за Котизација и што вклучуваат истите – Следи објава
• Информација дека Старт пакетите се во ограничена количина поради специфичноста и молба да побрзате со резервации и уплати – Следи објава.
Поради обемноста на материјалите за настанот, сите информации ќе ги проследиме низ неколку официјални Објави (постови) преку ФБ.
Ви благодариме на сите за довербата, стрпливоста и поддршката со ветување дека Четвртиот по ред АлШар 2и19, ќе понуди неколку нови содржини за првпат во Македонија.
Со почит-Целокупниот тим на ТИКВЕШКИ ТОЧАКЏИИ Кавадарци„-
се вели во денешното обраќање до јавноста на социјалните мрежи.