Извидничкиот одред од Белгија втора година по ред ја избира општина Кавадарци за дестинација каде ќе престојуват .
Со завршување на училиша година извидничките одреди бират дестинација каде ќе патуват со мисија која се состои од следните компоненти:
1 Запознавање на нова земја
2 Остварување општокорисна работа во местото каде престојуват.
3 Промовирање на извидништвото .
Извидниците од Белгија ќе престојуваат 9 дена во општина Кавадарци од кои 4 дена во Кавадарци.Согласно слоганот на општина Кавадарци „За убаво и чисто Кавадарци“ извидниците ќе земат активно учество со активности на општина Кавадарци и ЈП Комуналец во делот на општокорисна работа на територијата на град Кавадарци.
Останатиот дел од нивниот престој во Општина Кавадарци извидниците заедно со извидничкиот одред „СОКОЛИ“ од Кавадарци ќе имат едукативен дел за најмалите деца во излетничкото место Михајлово и во исто време ќе го запознат тој дел на општината преку прошетки.
Имајќи во предвид дека општина Кавадрци е избрана по втор пат како дестинација за посета од страна на извиднички одред можеме слободно да кажеме дека политиките и динамиката на работа која е воспоставена од страна на Градоначалникот е препозната и на интернационално ниво и е во согласнос со политиките на работа на европско ниво.