интегрален текст на реакцијата

„ОО СДСМ Кавадарци и Зоран Заев донесоа само порази на Република Македонија и кавадарчани.

Македонската економија е пред колапс, а ОО СДСМ Кавадарци мора веднаш да ги симне розовите очила и да се соочи со фактот дека повеќе од половина милион граѓани живеат со еден оброк на ден, под прагот на сиромаштијата

Три години СДСМ и Заев на власт се три години на катастрофални политики, а реализацијата на капиталните инвестиции е чисто фијаско.

Република Македонија веќе трета година по ред добива рекорден и мегаломански буџет, а граѓаните не гледаат никаква придобивки од истиот.

Трета година по ред криминалната банда и аболицираниот Заев ги задолжува граѓаните за милионски суми, а парите на граѓаните преку криминални тендери и грантови како и непостистички и партиски вработувања завршуваат на сметка на партиските и државните функционери на СДСМ.Доаѓа крајот на криминалната банда која ја води аболициран криминалец. Граѓаните на Република Македонија ќе одберат обнова наместо криминал и корупција и расипничка политика.„