Тиквешките точакџии на 5., 6. и 7. јули подготвени да го организираат 4-то издание на „АЛШАР 2019“-Допри го сонцето
Селото Мрежичко ке биде претворено во голем камп и сретувалиште за сите вљубеници во планинскиот велосипедизам од Македонија ,како и планинари и обични добронамерници и љубители на природата. Подготвена е богата програма која нуди добра забава и многу награди.Малата велосипедска тура е истата од претходните години долга 24 километри која овозможува да се види старо окно на рудникот Алшар. Ке се одржи планинарска тура, големата долга 18 километри а малата шест.Новата велосипедска тура долга 40 километри од селото Мрежичко до селото Мајден, до Пуљевац, каде ќе се гради новиот граничен премин со Грција, кај месноста Бриони, низ Привуш се до местото Топлакот и потоа до Мрежичко.Од името на Градоначалникот Митко Јанчев -и Општина Кавадарци присутните ги поздрави Сања Крстиќ, која ја пренесе поддршката на Јанчев и Локалната самоуправа за организација на целата манифестација АЛШАР која по 4-ти пат се одржува кај нас.Од Тиквешки Точакџии таа ја прими мајцата која е официјална за годинашнава манифестација, а која се очекува Јанчев да ја носи на самото отварање на истата.Претседателот на „Тиквешки точакџии“, Живко Гурев, вели дека безбдноста на учесниците уште од самиот почеток е прва и основна определба на која посветуваат особено внимание и секоја година се трудат безбедоста да ја подигнат на повисоко ниво со вклучување на сите институции како што се граничната полиција, противпожарната служба, првата помош, црвен крст, и така натаму.Лазар Трајков од организациониот одбор на „Тиквешки точакџии“ нагласи дека ; рекреативниот карактер на манифестацијата е пред се и потсети на личната одговорност на сите потенцијални учесници од кои бара совесно однесување имајќи во предвид дека голем дел од подкожувјето не е покриено со мобилна мрежа. Сите гости ќе се запознаат со убавините на недопрената убавина на Кожуф.Душко Стефанов, на прес-конференцијата најави дека манифестација ќе ја отвори Васил Јанкула, лице со хендикеп кој годинава на велосипед поминал 800 километри за само седум дена. На отворањето се поканети да присуствуваат и учениците од специјалната паралелка на ОУ „Страшо Пинџур“со наставник Зоран Велков, за да се почуствуваат еднакви со сите учесници .На пресот на АЛШАР 2019 синоќа и за придонесот кој го даваат за целата манифестација пригодни зборови упатија :Ристо Сакалиев- претседетел на Советот на Општината, Јанинка Чупаркоска до „Кожувчанка“ ,претставникот на Витаминка од Прилеп,Борка Петровска од Еуро Никел.