МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

„Проектот за подигање на нивото на јавното улично осветлување што го реализира Oпштина Кавадарци се одвива според утврдената динамика. Ангажираната оператива работеше на ул.„Љубашка“ каде беа поставени последните три ламби од вкупно предвидените четиринаесет ЛЕД ламби. Со ова се заокружи првата група на улици од предвидените 30 каде ќе се изврши замена на вкупно 352 ламби. Ламби се менуваа и на ул.„Димче Мирчев“, како и на ул.„Браќа Џунови“ од мостот „Слога“ до спојот со ул. „Браќа Хаџи-Тефови“. Досега се интервенираше на : ул.„Ило Костов“, ул. „Максим Горки“, ул.„Браќа Хаџи-Тефови“, ул.„Слога“, како и на улиците околу Парк „Полана“ каде што беа заменети 74 ламби со ЛЕД технологија. Проектот има за цел да ги подобри условите со јавното осветлување за непречено и безбедно движење на граѓаните во ноќните часовои, заштеда на електричната енергија, како и подигање на еколошките стандарди. Во наредниот период општината преку истиот проект ќе интервенира и на други улици во градот.„ избор: Кабинет на градоначалник Митко Јанчев 148833785_2964163887140986_2358298573404700865_n