Спортската сала „Јасмин„ утре и задутре(сабота и недела) ке биде местото каде телесните и останатите сограѓани со различен инвалидитет ке се натреваруваат во неколку спортови
Како што не информира Николче Делов, претседател на Сојузот за спорт и рекреација на телесните инвалиди на Кавадарци утре имаат спортски напревари со нивните колеги од Сојузот на Општина „Кисела Вода“ од Скопје.Напреварите започнуваат во 10 часот а ке се напреваруваат во пинг- понг,шах и пикадо.
Во недела пак во „Јасмин“ е предвидено да се одржи Националниот натпревар на инвалиди на Македонија,на кој ке учествуваат и телесните инвалиди.Претставници од сите градови на Македонија ке се напреваруваат дисцикплината пинг-понг.