„Известување
Во вторник - на 06.08.2019 во 11 часот во просториите на Општина Кавадарци Сала за Совет ќе се изврши презентација на проектот за изградба на градинката во нашата општина на ул. Ресавска.
Целта на јавната расправа е информирање на граѓаните и засегнатите страни за активностите за изградба на нова градинка и за документот “Првична ограничена оцена на влијание врз животна средина и социјални аспекти за изградба на нова градинка”. За таа цел на јавната расправа се покануваат граѓани, родители, персонал од градинките, лица од општината, социјални работници, невладини организации, граѓански здруженија и други засегнати страни.„- Се вели во известувањето од Кабинетот на градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев.