МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На прес конференцијата на ОО на СДСМ, портпаролот на партијата во Кавадарци Сашко Петров, говореше за покачувањето на платите, почнувајќи од јунската, во Детските градинки за околу 3.000 денари, или 16 %.

„Почитувани Претставници на медиумите,

Почитувани вработени во детските градинки,

Почитувани сограѓани,

Ветивме повеќе пари кај Вас граѓаните,

Ветивме поголеми плати кај Вас вработените во детските градинки,

Како што знаете. Почнувајќи од јунската плата, стручниот кадар вработен во детските градинки доби зголемување на платите од 16 %, што е околу 3000 денари во нето износ повисоки плати по вработен.

Или поточно: Нето плата на воспитувач со високо образование се зголемува за 16,26 %, односно плата од 20 546 денари ќе се зголеми на износ од 23 731 денар, а со пресметан минат труд за вработен со 15 години работен стаж, платата од 20 546 денари ќе се зголеми на неверојатни 25 511 денари.

За првпат во Република Северна Македонија имаме сериозно покачување на платите кај вработените во детските градинки.

Зголемувањето на платите се врши според Законот за вработените во јавниот сектор и со него ќе бидат опфатени 3138 вработени во детските градинките.

Со оваа мерка на Министерството за труд и социјална политика и Владата на Република Северна Македонија се опфаќаат следните категории на вработени во детските градинки: воспитувачи, негователи, стручни работници и стручни соработници – педагози, психолози, логопеди, дефектолози и други вработени во дејноста – згрижување и воспитување на децата од префучилишна возраст.

Тоа што Ви го ветивме и го остваривме!

Зборот е Збор!

Зборот Важи! . “